Жителите на населбата Ново Лисиче, по долги години, конечно ќе добијат зелен пазар. Во непосредна близина на новата пошта на улицата "Видо Смилевски Бато", веќе одредено време е ограден просторот на кој треба да се гради. Сопственик на земјиштето со површина од 12 илјади квадратни метри е АД " Скопски пазар".
Надлежните во АД "Скопски пазар", пак, велат дека се уште е рано да се зборува за тоа каков објект ќе се гради, но се предвидува трговски центар во рамките на кој ќе функционира и зелен пазар. "Допрва ќе се изработува физибилити студија, по што ќе следи и изработка на идеен и главен проект. Сметаме дека оваа фаза на изработка на проектите може да потрае и два до три месеци, така што годинава не можеме да очекуваме објектот да биде изграден. Од тие причини иако просторот е ограден, не можеме да зборуваме за негови димензии или конечниот изглед, вели Трајко Давитковски, претседател на управниот одбор на Скопски пазар.
Во Општината Аеродром велат дека според деталниот урбанистички план за Реонскиот центар Аеродром, на локацијата непосредно до новата пошта постои маркичка за пазар.
"Општинската градежна инспекција има направено увид на теренот. Од фирмата Скопски пазар, е добиен имотен лист, а очекуваме тие да поднесат и барање за одобрување на проектот", велат во Општината.
Останува нејасно дали со изградбата на објектот во Ново Лисиче ќе се дислоцира сегашниот Зелен пазар, кој функционира во населбата Јане Сандански, зад Трговскиот центар "Бисер". Тој според својата површина не ги задоволуваше потребите на жителите на Јане Сандански и Ново Лисиче, кои во недостаток на друг објект од ваков тип на нивна територија досега пазареа на овој простор. Според Давитковски, ова прашање ќе се разгледува откако ќе биде изграден новиот пазар.

Нема коментара:
Постави коментар