
По бурните реакции во јавноста пазарџиите привремено се спасија од Законот за пазари.
Една година пролонгирање бара власта за законот кој еден ден им стави клуч на зелените пазари во Скопје а ги остави празни и скопските тезги.
Со ова пролонгирање пазарџиите ја добија битката но не и војната.
Надлежните ќе работат измени откако владеачката гаритура си ја призна грешката.
Согласно законот пазарџиите ќе мораа да плаќаат по 60 евра за лиценца за една тезга а секоја друга по 40 евра.
Истиот тој закон предвидуваше на пазар да не можат да продаваат пензионери или хонорарци.




Нема коментара:
Постави коментар